Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Продлабочување на парламентарната соработка со Република Литванија

Генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентот на Република Литванија, Алгирдас Стончаитис, со делегација од Службата на парламентот, во рамките на нивната работна посета на Собранието. На средбата присуствуваше и амбасадорката во Канцеларијата за врски на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене. Беше изразено задоволство од традиционално добрите и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска, денес оствари средба со генералниот секретар на Парламентот на Република Литванија, Алгирдас Стончаитис, со делегација од Службата на парламентот, во рамките на нивната работна посета на Собранието. На средбата присуствуваше и амбасадорката во Канцеларијата за врски на Литванија во Скопје, Вилма Дамбраускиене.

Беше изразено задоволство од традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и од континуираната поддршка што Литванија ја дава на европската интеграција на државата и регионот. Воедно беше поздравена и неодамнешната одлука за отворање Амбасада на Македонија во Вилнус, како дополнителен поттик за понатамошно унапредување на билатералната соработка.

Соговорниците разменија мислења за предизвиците и приоритетите со кои се соочуваат современите парламентарни администрации, со посебен акцент на дигиталната трансформација на институциите, модернизацијата на работните процеси и јакнењето на административните капацитети.

Реклама

Димовска се осврна на активностите што Собранието ги презема во насока на дигитализација и модернизација на работните процеси, вклучително и имплементацијата на Е-архивата, спроведувањето на Стратегијата за дигитализација на Собранието 2026–2028 година, како и на механизмите за вклучување на младите во процесот на креирање закони.

Во продолжение, Димовска нагласи дека размената на искуства со парламентите на земјите членки на Европската Унија претставува значаен придонес за понатамошните реформски процеси.

Стончаитис се заблагодари за можноста да ја посети нашата земја и да биде гостин во законодавниот дом, при што ги сподели искуствата на Литванија во процесот на пристапување кон Европската Унија. Тој истакна дека парламентот останува отворен за размена на искуства и поддршка на Собранието.

Посочувајќи го претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во 2027 година, Стончаитис нагласи дека прашањето за проширувањето на Унијата ќе биде високо на агендата на Литванија, особено во однос на земјите со кандидатски статус и оние во процес на пристапување.

Амбасадорката Дамбраускиене ја поздрави соработката меѓу двете институции и ја истакна подготвеноста на Литванија и понатаму да го поддржува процесот на европска интеграција на Македонија, како и размената на знаења и искуства во областите од заемен интерес.