Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека конкретната регулатива е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација.

Зохиу објасни дека конкретната регулатива е на Европската Унија, а со тоа е и задолжителна за сите земји-членки, посочи дека сепак предизвикува одредени доцнења при пасошката контрола. Таа додаде дека Грција ќе ги искористи сите можности што ѝ стојат на располагање, но без при тоа да ја прекрши самата регулатива.

– Грчките власти, земајќи ја предвид важноста на одржувањето и зајакнувањето на туристичкиот тек кон земјата, ќе ги преземат неопходните мерки, искористувајќи ги можностите што ги нуди европското законодавство, но истовремено целосно почитувајќи ја и европската регулатива, објасни Зохиу.

Реклама

Согласно одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос, европската регулатива дава можност на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември.