Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години

Бројот на умрените лица во 2025 година е 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10.498, се од машки пол наспроти 9.789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0,3 % на 100 умрени лица – покажуваат податоците за морталитетот на Државниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на умрените лица во 2025 година е 20.287 лица, што претставува зголемување од 0,4 % во однос на 2024 година. Поголем број умрени лица, т.е. 10.498, се од машки пол наспроти 9.789 жени. Умрени доенчиња се 62, а нивното учество е 0,3 % на 100 умрени лица – покажуваат податоците за морталитетот на Државниот завод за статистика. 

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.002, се регистрирани во јануари, а најмалку – 1.506, во април. 

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72,2 години, односно 76,6 години кај лицата од женски пол, или за 4,4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Реклама

Луѓето во земјата најмногу умираат од болести на циркулаторниот систем (34,0 %), неоплазмите (19,6 %), ендокрините, нутритивните и метаболистичките болести (6,5 %) и болести на респираторниот систем (3,7 %).