Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“.

Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на препораките од експертите и стручните служби на Министерството.

– Ќе одиме со заострување на казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите – истакна Тошковски.

Реклама

Министерот посочи дека анализите покажуваат оти најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација, особено кај лица до 17-18 години.

– Нелегалното управување, возење по двајца или тројца, без кациги и без почитување на правила доведува до сериозни последици – нагласи Тошковски.

Тој додаде дека некои од измените ќе опфатат и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети со цел да се заштитат најмладите и да се намалат ризиците во сообраќајот.

Во однос на проблемот со нелегалниот премин кај Бит-пазар, Тошковски посочи дека прашањето веќе е отворено на координациите меѓу Министерството за внатрешни работи и Град Скопје и најави конкретни активности во наредниот период.

– Постојат редовни координации и оваа тема е веќе разгледувана. Во иднина очекувајте конкретни дејства за подобрување на безбедноста – изјави министерот.

Тој нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучна е и одговорноста на граѓаните во почитувањето на сообраќајните правила.