Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

ЦДХВ донесе измени на тарифата на услугите

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) донесе измени на тарифата на услугите што ги врши за учесниците во работата на Депозитарот и корисниците на неговите услуги, на кои Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде согласност. Станува збор за први посеопфатни измени на тарифниот модел по подолг временски период, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) донесе измени на тарифата на услугите што ги врши за учесниците во работата на Депозитарот и корисниците на неговите услуги, на кои Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде согласност.

Станува збор за први посеопфатни измени на тарифниот модел по подолг временски период, со кои се врши усогласување на одделни тарифни ставки и се воведуваат одредени новини во начинот на тарифирање на депозитарските услуги.

ЦДХВ претставува клучна институција на пазарот на капитал, која води евиденција за сопственоста на хартиите од вредност во форма на електронски записи, обезбедува сигурно порамнување на трансакциите и ги спроведува корпоративните дејства на акционерските друштва. Како дел од критичната финансиска инфраструктура, Депозитарот има обврска континуирано да инвестира во развој на информатичките системи, кибербезбедноста, управувањето со ризици и усогласувањето со меѓународните стандарди.

Реклама

Измените на тарифата предвидуваат умерено усогласување на одредени надоместоци со економските движења и растот на трошоците во изминатиот период. Истовремено, се воведува и нов надоместок за централно чување на хартии од вредност (safekeeping fee), кој претставува стандардна практика кај голем број европски депозитари и старателски институции.

Со цел да им се овозможи на учесниците на пазарот соодветен период за подготовка и приспособување, надоместокот за централно чување на хартии од вредност (safekeeping fee) ќе почне да се применува од 1 јануари 2027 година. Надоместокот ќе се пресметува врз основа на вредноста на портфолиото и ќе се однесува исклучиво на иматели на хартии од вредност со портфолија над 1 милион евра. Според анализите на ЦДХВ, со овој надоместок ќе бидат опфатени приближно 1 % од вкупниот број иматели на хартии од вредност. Предложените стапки се поставени на конзервативно ниво во однос на стапките што се применуваат во повеќе земји од регионот. Дополнително, со воведувањето на новиот модел на финансирање од 1 јануари 2027 година ќе престане да се применува една од постојните тарифни ставки што се наплатува од издавачите на хартии од вредност, со што се воспоставува порамномерна распределба на трошоците за одржување на депозитарската инфраструктура помеѓу разните категории корисници на услугите на ЦДХВ.

Со овие измени ЦДХВ обезбедува поодржлив модел за финансирање на депозитарската инфраструктура и нејзино понатамошно усогласување со практиките што се применуваат кај современите депозитари.

Пречистениот текст на тарифата е објавен на официјалната веб-страница на ЦДХВ www.cdhv.mk