Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Иднината на Македонија во дигиталната ера, улогата на вештачката интелигенција и можностите за развој на младите таленти во фокусот на Brains Beyond Borders во Скопје

Млади лидери, претприемачи, претставници на институции, академската заедница, технолошкиот сектор и македонската дијаспора вчера во Скопје дискутираа за иднината на Македонија во дигиталната ера, улогата на вештачката интелигенција и можностите за развој на младите таленти во рамките на настанот Brains Beyond Borders: Млади, иновации и технологија“, организиран од страна на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млади лидери, претприемачи, претставници на институции, академската заедница, технолошкиот сектор и македонската дијаспора вчера во Скопје дискутираа за иднината на Македонија во дигиталната ера, улогата на вештачката интелигенција и можностите за развој на младите таленти во рамките на настанот Brains Beyond Borders: Млади, иновации и технологија“, организиран од страна на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) преку младинската иницијатива Gen M, во соработка со Startup Club Skopje.

Настанот, како што информираат од ОМД, бил отворен со воведно обраќање на проф. д-р Димитар Трајанов, кој говорел за важноста на следната деценија за дигиталната трансформација на Македонија и потребата од стратешки инвестиции во знаење, технологии и човечки капитал. На настанот учествувале и истакнати претставници од академската заедница, институциите, бизнис-секторот и граѓанското општество, меѓу кои и д-р Нина Ангеловска, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Гордана Клинчарова од Министерството за дигитална трансформација, Александар Стамболиев од Акцелератор УКИМ, Моника Ризовска-Таневска од Women in Tech Macedonia, Димитар Каљошевски од World University Service – German Committee, како и млади претприемачи и креатори, кои успешно ја претставуваат новата генерација македонски таленти.

„Може ли Македонија да се натпреварува во ВИ-економијата?“, учесниците разговараа за влијанието на вештачката интелигенција врз економијата, образованието и пазарот на труд, како и за можностите Македонија да се позиционира како конкурентен играч во новата дигитална економија. Дел од дискусијата беше посветен на создавање можности за задржување на младите во Македонија и развој на локални технолошки капацитети. Се нагласи потребата од посилно поврзување на младите со претприемачкиот екосистем, подобра поддршка за талентите и поактивно вклучување на дијаспората како партнер во развојот на знаењето, менторството и пристапот до глобалните пазари.

Реклама

Особено внимание, се вели во соопштението, привлекла дискисијата на тема „Бранот на таленти: Каде се движи следната генерација на Македонија?“, каде што успешни млади професионалци, претприемачи и креатори на содржини разговараа за улогата на вмрежувањето, претприемаштвото, личниот развој и вештачката интелигенција во градењето на идните кариери. Дискусијата испрати силна порака дека младите во Македонија располагаат со знаење, амбиција и потенцијал да создаваат глобално конкурентни проекти доколку добијат соодветна поддршка и можности за развој.

Преку отворен дијалог и размена на искуства Brains Beyond Borders ја потврди важноста на соработката помеѓу младите, институциите, приватниот сектор и дијаспората во создавањето на поиновативна, дигитално подготвена и конкурентна Македонија. Настанот, како што информираат, е дел од заложбите на Обединетата македонска дијаспора и Gen M за зајакнување на младинското лидерство, поттикнување на иновациите и создавање мостови помеѓу Македонија и македонската дијаспора во светот.