Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Построги казни и нова старосна граница за управување со тротинети

Борбата против дивеењето со тротинетите продолжува. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека владејачката партија ќе достави до Собранието предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои би се извршиле промени во старосната граница на управувачите на тротинети, а генералната политика околу нивното возење ќе биде многу построга. „Имаме заострување на казнената политика […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата против дивеењето со тротинетите продолжува. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека владејачката партија ќе достави до Собранието предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои би се извршиле промени во старосната граница на управувачите на тротинети, а генералната политика околу нивното возење ќе биде многу построга.

„Имаме заострување на казнената политика и заострување на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено во однос на најмладите, затоа што статистиката, бројките, повредите и сообраќајните несреќи предизвикани од оние што управуваат електрични тротинети покажуваат незаконско управување – по тројца на тротинет, по двајца, без кациги и без никакви правила“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Потребата од измени во законот се наметнува како обид за заштита на најмладите, кои не ги почитуваат правилата во сообраќајот. Токму тие се најчестите жртви на неодговорното возење и речиси редовно завршуваат со тешки повреди.

Реклама

„Бројките се најлоши кај младата популација. Најголемиот дел од сообраќајните несреќи предизвикани од тротинети се случуваат кај лица до 17-18 години, така што предложените законски измени ќе одат во оваа насока, со цел повторно да имаме поголема безбедност во сообраќајот и да ги зачуваме најмладите“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Министерот го посочи успехот на „Сејф сити“ во промената на сообраќајната култура, а претходно најави дека до крајот на годината системот ќе ги евидентира и тротинетите, ќе има поригорозни правила за мотоциклистите и максимална репресивност кон сите што дивеат по улиците.

Бојан Таневски