Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Бизнис

Енергетиката врвен приоритет – Божиновска најавува нови проекти и можно намалување на цената на струјата

Откочена изградбата на далноводот кон Албанија, забрзана изградба на гасниот конектор кон Грција, пуштен продуктоводот по цели 13 години, најава за изградба на гасно поврзување со Србија, подготовка за изградба на когенеративна централа „РЕК Битола 1“ и проширување на топловодната мрежа во Битола. Ова се само дел од проектите во енергетскиот сектор кои го одбележаа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откочена изградбата на далноводот кон Албанија, забрзана изградба на гасниот конектор кон Грција, пуштен продуктоводот по цели 13 години, најава за изградба на гасно поврзување со Србија, подготовка за изградба на когенеративна централа „РЕК Битола 1“ и проширување на топловодната мрежа во Битола. Ова се само дел од проектите во енергетскиот сектор кои го одбележаа двегодишното постоење на новоформираното Министерство за енергетика. Министерката Сања Божиновска задоволна од постигнатото. Дополнително смета дека поради актуелните состојби на пазарот, можно е и да се случи поевтинување на струјата од следната година. Државните електрани догодина ќе му испорачаат 70% од потребната струја на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Ова АД ЕСМ мора да го исполни согласно Реформската Агенда. Божиновска вели дека тоа што државните електрани ќе му испорачаат 30% помалку електрична енергија на снабдувачот не значи дека струјата ќе поскапи. Токму напротив, цените можат да се намалат бидејќи во моментов се ниски, поради големите количини кои доаѓаат од обновливи извори.

„Ако ги гледаме цените кои се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе и Грција извезува јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени. Меѓутоа тоа е сепак берза што значи дека на берза може да има и скокови и падови и некој тренд е дека сега има многу ниски цени и нули“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика најави и дека ќе се прави и анализа дали ќе се задржат постоечките тарифни блокови. Се уште не се знае дали ќе има промени, но Божиновска вели дека поддржува решение кое нема да вклучува поскапување на струјата.  

Реклама

„Блоковите беа донесени кога цените на електричната енергија беа 700 и 800 евра за мегават час. Сега имаме комплетно друга слика. Имаме цени 0. РКЕ се одговорни за блоковите, они ги дефинираат они прават истражување. Ако не повикаат секако ќе дадеме наше мислење. Во моментов мегават за домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ го продава по цена од 65 евра, додека производната на компанијата е нешто околу 100 евра“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Министерството за енергетика големи надежи вложува во обновливите извори на енергија. Веќе била исполнета обврската за инсталиран капацитет од најмалку 50% од обновливи извори, односно Македонија исполнува 58 отсто. Дополнително има и 800 барања за инвестиции во објекти кои МЕПСО треба да ги приклучи на мрежа.