Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени

– Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра на метар квадратен се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, Претор и Виница.

Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности се добиени од дождомерните места и дека поради локалниот карактер на врнежите, количеството воден талог може значително да варира, при што на одделни места тоа може да биде и поголемо од измереното.

Реклама

За денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец со брзина до 40 километри на час, особено во источните делови од земјава. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 31 степен.