Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Одземен му е телефонот и се проверува со кого разговарал осомничениот пред да ги опожари двете дипломатски возила

Осомничениот за палењето на автомобилите на Бугарската амбасада, 44-годишниот И.Д., оди во притвор. Основниот кривичен суд Скопје го одобри барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и тој доби притвор од осум дена. Четириесет и четиригодишниот скопјанец го признал делото во полиција. Целиот чин беше снимен од надзорните камери, а сторителот беше идентификуван и приведен истиот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осомничениот за палењето на автомобилите на Бугарската амбасада, 44-годишниот И.Д., оди во притвор. Основниот кривичен суд Скопје го одобри барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и тој доби притвор од осум дена.

Четириесет и четиригодишниот скопјанец го признал делото во полиција. Целиот чин беше снимен од надзорните камери, а сторителот беше идентификуван и приведен истиот ден кога го сторил делото. Инцидентот беше осуден и од македонските и од бугарските власти.

Според Обвинителството, тој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека му е одземен телефонот на осомничениот за да се утврди дали и со кого комуницирал и каква била содржината на таа комуникација.

Реклама

„Јас не би брзал со било какви квалификации од страна на нашиот источен сосед. Она што сакам да го кажам е дека како Влада најсилно го осудуваме чинот“, вели Мицкоски.