Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со предметот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата. Во интервју за една од националните телевизии, Савески нагласи дека на секој повик одговара и дека во конкретниот разговор не било […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со предметот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата.

Во интервју за една од националните телевизии, Савески нагласи дека на секој повик одговара и дека во конкретниот разговор не било побарано од него да дава извештаи или детали за предметот.

Тој појасни дека интересот на премиерот го поврзува со фактот што државната енергетска компанија ЕСМ е правно лице во државна сопственост, па како таква може да има интерес за исходот на постапката.

Реклама

Савески додаде дека во комуникацијата не почувствувал елемент што би укажувал на притисок врз обвинителската работа, оценувајќи дека станува збор за „природна реакција“ на функционер кој има интерес за прашање поврзано со државен капитал.