Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица

Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема. Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР),вчера биле извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривично дело „терористичка организација“, при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Како што информира МВР, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а од Кривичниот законик.

Според МВР, активностите биле преземени врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни стратешки партнери, во соработка со АНБ и под раководство на надлежното обвинителство, со цел идентификување на администратори и членови на интернет апликации што поттикнувале создавање терористичка организација.

Реклама

Истрагата утврдила дека првоосомничениот Ј.К. кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група во која членувале останатите осомничени, а во текот на 2025 и 2026 година дејствувале како терористичка организација, ширејќи пропагандни и џихадистички содржини, со цел идеолошка индоктринација и глорификација на терористи поврзани со „Исламска држава“.

Според информациите од АНБ, осомничените воспоставувале контакти со медиумско-пропагандни канали на оваа терористичка организација и работеле на создавање локална мрежа за ширење екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување терористички активности во државата. 

Како дел од групата, тие обезбедувале и логистичка поддршка на лица кои претходно биле опфатени со контратерористички активности, додека дел од осомничените веќе издржуваат казни затвор или се наоѓаат во притвор за кривични дела поврзани со тероризам. 

Од АНБ нагласуваат дека активностите се преземени со цел навремено откривање и спречување на заканите по националната безбедност и заштита на уставниот поредок и граѓаните.