Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во гимназијата во Дебар во прва година запишани само 32 ученика

Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата  „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32  од предвидените 238  ученички места. -Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во единственото средно училиште во Дебар, гимназијата  „28 Ноември“ во првото пријавување, од првиот уписен рок, во прва година, за учебната 2026/2027 година, пополнети се само 32  од предвидените 238  ученички места.

-Во нашата образовна институција за упис беа пријавени 44 завршени одновци, од нив 12 на македонски и 32 за настава на албански наставен јазик. Од нив запишани се 32 ученика, или гледано одделно 7 за настава на македонски и 25 на албански наставен јазик. Поголем одѕив очекуваме во второто пријавување, кое ќе биде на 23. овој месец, изјави за МИА, Бора Коруми, професорка и одговорна за упис во гимназијата.

Според Конкурс на МОН, за упис на ученици во јавните средни училишта, во гимназијата може да се запишат 238 завршени основци на двата наставни јазика.  Од нив 102 ученика во 3 паралелки за настава на македонски, од кои 34 за подрачната паралелка во село Могорче,  додека 136 ученици, во 4 паралелки со настава на албански наставен јазик.

Реклама

За упис учениците требаше да имаат минимум 60 поени.  За второто пријавување и за августовскиот уписен рок кој е на 20 август, како и во изминатите години, се очекува намалување на потребниот минимум поени.

Споредено со бројот на запишани ученици во првото пријавување од првиот уписен рок за учебната 2025/2026 година бројот на запишаните овој пат е многу помал. Тогаш беа запишани 95 ученици, од кои  25 на македонски и 70 на албански наставен јазик.

Намалениот број ученици, појава присутна со години наназад, е последица на се помалиот број на ученици во основните училишта, поради масовната миграција на населението, но и определбата на дел од нив да го продолжат школувањето во некое средно стручно училиште, пред се во Струга, Охрид, Тетово и Скопје.