Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Надпросечно топло лето и зголемен ризик од суша во Македонија

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и следи период без дождови што ќе придонесе до зголемен ризик од суша. Со летното сонце пристигнаа и високите температури, а со тоа се намалува и појавата на поројни дождови. Од УХМР најавуваат уште едно во низата на надпросечно топли лета, но и посушни од многугодишните просечни вредности. Ова се очеува особено во месецот август.

„Според анализите за летото 2026 се очекува температурите да достигнат надпросечни вредности на глобално ниво, не само во Југоисточниот дел на Европа. Надминувањето на температурите може да достигне и 3 степени речиси на целата територија на Македонија. Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во месец Јули.“- вели Александра Стевков, раководител на одделение за климатологија и климатски промени во УХМР.

Според последните анализи во наредниве месеци Македонија ќе биде погодена од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.

Реклама

„Земајќи ги во предвид досегашните анализи климатски промени дополнително го засилуваат влијанието на условите на Ел Нињо со што се зголемува веројатноста за појава на екстремни временски настани како топлотни бранови, суши и пожари. Од друга страна пак долготрајните периоди без врнежи создаваат услови за појава на екстремни поројни дождови и поплави што ја нагласува непредвидливоста.“- вели Стевков.

Токму овие информации ги потврдуваат и истражувањата на Центарот за климатски промени. Од таму укажуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се се повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

„Во Македонија, најголем дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион се оценети како ранливи на суша, со особено чувствителни подрачја како Скопската и Штипската котлина и Овчеполието. Ова укажува дека се потребни локално прилагодени решенија и поголема отпорност на заедниците.“- овјавуваат од Центарот за климатски промени.

За полесно да се препознаат ризиците и да се преземат поефикасни мерки за заштита од сушните периоди, од центарот развиваат алатка за проценка на климатските промени. По повод 17ти јуни – Светскиот ден за борба против опустошување и суша, невладините организации и надлежните се едногласни – алармираат за интен институционален одговор и адаптација, а на граѓаните им препорачуваат да ги следат краткотрајните временски прогнози кои ги издаваат.