Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Осум години подоцна: Дали Македонија плати превисока цена за Преспанскиот договор?

И по осум години од Преспанскиот договор којшто требаше да биде последниот услов, Македонија е далеку од вратата на ЕУ. Овој договор не ја приближи Македонија кон европското семејство, напротив ги разгори шовинистичките апетити на останатите Балкански земји. Вака поранешниот амбасадор Ивица Боцевски коментира по осум години од потпишувањето на договорот во Преспа. Според него, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по осум години од Преспанскиот договор којшто требаше да биде последниот услов, Македонија е далеку од вратата на ЕУ. Овој договор не ја приближи Македонија кон европското семејство, напротив ги разгори шовинистичките апетити на останатите Балкански земји. Вака поранешниот амбасадор Ивица Боцевски коментира по осум години од потпишувањето на договорот во Преспа. Според него, со овој договор Македонија денес е уште позаглавена и ѝ се спори државноста и идентитетот. Наместо Преспанскиот договор да претставува излекување од лошата деценија, го предизвика спротивното, подвлекува Боцевски.

Преспанскиот договор не само што не ги отвори европските порти за Македонија, само ги распали старите балкански шовинистички апетите насекаде во регионот. И во Софија, и во Приштина и во Белгард и во Тирана. Фактот што толку лесно се откажа од цервените линии им даде ветер на шовинистчките сили што го спореа идентитетот на Македонија и македонскиот народ, вели поранешниот амбасадор Ивица Боцевски

Боцевски потсети дека договорт е донесен со измама на Заев кој тврдеше дека нема да го смени името, но го направи тоа.

Реклама

Според него, има и нешто позитивнот од договорот во Преспа, а тоа е културниот отпор кои го покажуваат граѓаните за употребата на новото уставно име. Никаде и никогаш, ниту на улиците, ниту во јавните дебати се употребува новото име со придавката, вели Боцевски. Ова според него се должи поради тоа што заминале екстремистичките делови од Владата на Заев, а со тоа заминал и фокусот за употребата на сосила наметното ново уставно име.

Може да се каже дека културниот отпор се изразува токму преку тоа што никаде и никогаш не се користи уставното име со придавка. Секаде каде што можат, Македонците, и дома и во странство, го користат името Македонија. Македонија не може веднаш да пристапи кон враќање на уставното име. Тоа е кауза од која ниту еден рационален политичар не би требало да се откаже, бидејќи на Македонија ѝ беше нанесена неправда, вели Ивица Боцевски, поранешен амбасадор.

Инаку, Македонија реализираше голем дел од преземените обврски. Беше извршена промената на уставното име, беа направени промени во документите за лична идентификација, регистарските таблички, како и усогласувања во институциите и државната администрација.

Од грчка страна сè уште не се ратификувани три меморандуми за соработка, а не е одржан ниту вториот Совет за соработка на високо ниво, иако договорот предвидува вакви средби да се одржуваат најмалку еднаш годишно. Грција не ги промени ниту таблите со кои државата е именувана како Скопје.

И покрај политичките несогласувања, економската соработка меѓу двете земји бележи одреден напредок. Реализирани се активности поврзани со енергетската поврзаност, вклучително и гасниот интерконектор, а од македонска страна се работи и на отворање на граничниот премин Маркова Нога – Лемос.