Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите

Денес СДСМ со уште една срамна прес-конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт на прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес СДСМ со уште една срамна прес-конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, се вели во реакцијата од Министерството за транспорт на прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ.

За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите, да се направат сите видови студии и да се обезбеди квалитетна работа.

Инвестициите во Дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави.

Реклама

Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инжинери.

Дата центрите се предводници во искористување на зелената енергија и ја зајакнуваат транзицијата кон зелена енергија.

Со самиот развој на вештачката интелигенција Дата центрите се неопходни и од тие причини државата треба да води паметна политика која во чекор ги следи новите треднови во технологијата.

За разлика од СДСМ, оваа Влада е посветена на нови инвестиции од стотици милиони евра. СДСМ сакаат државата да не напредува, да не се модернизира и да нема големи проекти. Во време на СДСМ главни проекти беа криминалните проекти како што беа модуларната болница во Тетово, очајниот обид за криминал преку набавка на вакцини од компанијатa Стабри , бизнисите со марихуана, тендерите за пријатели на Венко Филипче во здравството. Да ја потсетиме јавноста и на една легендарна изјава дека Фејсбук и Гугл чекаа на граница да инвестираат во Македонија.

Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра!

Државата избира напредок и нови технологии, времето на криминал и корупција е одамна завршено.