Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП „Богородица“, 11 заплени на злато во 2026, девет кривични

Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит – четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царински службеници запленија златен накит вреден 1,1 милиони денари на граничниот премин „Богородица“. Двајца косовски државјани се обиделе да го криумчарат. Златниот накит – четири златни ланчиња со вкупна тежина од 190,6 грама, осомничените го купиле во Турција, а потоа, со намера да го криумчарат, го ставиле на себе и го прикриле со облеката, соопштија денеска од Царинската управа.

Како што информираа оттаму, случајот бил предаден на Одделението за истраги, кое против сторителите поднело кривична пријава до ОЈО – Гевгелија.

– Ова е 11. заплена на злато годинава од страна на Царинската управа, при што досега се одземени вкупно два килограми златен накит. Четири од случаите се откриени токму на „Богородица“, пет на Меѓународен аеродром – Скопје, а по еден случај на „Табановце“ и „Блаце“. Во девет случаи, десет лица се кривично гонети од страна на Одделението за истраги за сторено кривично дело – криумчарење, казниво согласно Кривичниот законик – појаснија од Царинската управа.

Реклама

Оттаму нагласија дека ќе се погрижат криминалот најстрого да биде казнет.

– Нашата порака е јасна – без разлика на начинот на кој се криумчари, нашите служби ќе го разоткријат и ќе се погрижат криминалот да биде најстрого казнет. Ваквите случаи јасно ја покажуваат цврстата посветеност на Царинската управа за сузбивање на сите форми криминал, заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот – потенцираа од Царинската управа.