Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот

Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот.

Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, преку намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.

Организаторите најавуваат поздравни обраќања од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот ќе го модерира техничкиот експерт Ана Петровска, додека презентации ќе одржат Наталија Бургиева и Аријан Тоска.

Реклама

На настанот се поканети градоначалници и директори на јавни комунални претпријатија од деветте општини во Вардарскиот регион, како и претставници на институции, индустрија, земјоделски и шумски стопанства, стопански комори и медиуми.

Во рамки на форумот ќе биде презентирано базично истражување за управување со биоотпад, кое опфаќа мултисекторски анализи и предлог-модели за технолошки, финансиски и институционални решенија

Преку дискусија со учесниците ќе се изберат најсоодветните опции што ќе послужат како основа за изработка на пред-физибилити студија за понатамошна имплементација.