Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи. Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Скопје во целост го расчисти случајот во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15 јуни кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопшти денеска прес-службата на Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар вчера поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело.

– Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело – велат од МВР.