Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Гласник на невидливите“ за новинарот на МИА Слободан Иванов

Новинарот на МИА, Слободан Иванов, е меѓу добитниците на наградата „Гласник на невидливите“, која деветти пат беше доделена во Скопје за новинари што известуваат за маргинализирани групи и заедници во организација на Македонската платформа против сиромаштија (МППС). Иванов признанието го доби за текстот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новинарот на МИА, Слободан Иванов, е меѓу добитниците на наградата „Гласник на невидливите“, која деветти пат беше доделена во Скопје за новинари што известуваат за маргинализирани групи и заедници во организација на Македонската платформа против сиромаштија (МППС).

Иванов признанието го доби за текстот „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата ‘Глаголички откровенија’ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“.

Во изјава по доделувањето на наградата, тој истакна дека признанието претставува поттик за натамошна работа и посветеност во известувањето за лицата со попреченост и за прашањата што ги засегаат „невидливите“ во општеството.

Реклама

– Ова признание ми е поттик за со уште поголема посветеност да пишувам за мојата заедница – лицата со попреченост. Сакам да ѝ се заблагодарам на Македонската информативна агенција – МИА. Им благодарам на главната уредничка Пандорка Арсовска-Гацова и директорот Дарко Јаневски кои го одобрија и објавија наградениот прилог, како и за сите написи кои ние како МИА сме ги објавиле досега. Фала и до Елизабета и Љубиша за сликите што го докомплетираа прилогот. Благодарам, ми значи оваа награда!, изјави Иванов.

Покрај Иванов, годинава награди добија и Бојан Шашевски, Ирина Крстевска, Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, Љубица Иванова, Магдалена Стојмановиќ-Константинов, Михаил Милошевски и Сунчица Стојановска Зоксимовска, за прилози што третираат теми поврзани со дискриминација, сиромаштија, здравство и социјални предизвици.

Во рамки на настанот се одржа и панел-дискусија на тема „Медиумите и сиромаштијата – Гласно против тишината“, како исклучителна шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и заеднички крик против социјалната тишина во Македонија и во Европа.

Минатата година, Слободан Иванов доби „Гласник на невидливите“ за текстот „Пристап до објекти, образование и вработување – најчести предизвици за лицата со попреченост“.