Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Македонија

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански присуствуваше на 100-годишниот јубилеј на Доброволното противпожарно друштво во Петердорф, Австрија

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, на покана на Доброволното противпожарно друштво од Петердорф, Австрија, присуствуваше на свеченото одбележување на 100 години од формирањето на ова друштво, при што беше истакната важноста на меѓународната соработка, размената на искуства и заедничкото делување во областа на заштитата и спасувањето. Во состав на делегацијата од Пехчево беа и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, на покана на Доброволното противпожарно друштво од Петердорф, Австрија, присуствуваше на свеченото одбележување на 100 години од формирањето на ова друштво, при што беше истакната важноста на меѓународната соработка, размената на искуства и заедничкото делување во областа на заштитата и спасувањето.

Во состав на делегацијата од Пехчево беа и претставници на локалното Доброволно противпожарно друштво, кои имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и функционирањето на своите колеги од Австрија.

За време на посетата, Китански одржа работни средби со градоначалниците на општините Санкт Петер ам Камерсберг и Сент Георген ам Крајшберг, како и со заменик-гувернерката на покраината Штаерска, Мануела Хом.

Реклама

-На состаноците се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во областа на локалниот економски развој, инвестициите, туризмот, културата, спортот и заштитата на животната средина, информираа од Општина Пехчево.

Како знак на благодарност за поддршката што австриските институции и Доброволното противпожарно друштво од Петердорф ја дадоа за време на големите пожари во Пехчево во 2021 година, градоначалникот Китански им врачи пригодни плакети и признанија.

– Никогаш нема да ја заборавиме помошта што ја добивме во најтешките моменти за нашата општина. Денес сме тука не само да го честитаме значајниот јубилеј, туку и да ја потврдиме нашата искрена благодарност и подготвеност за понатамошна соработка – изјави Китански.

Тој посочи дека токму по примерот на доброволното противпожарно друштво од Петердорф, во Пехчево е формирано сопствено доброволно противпожарно друштво, што претставува важен чекор во јакнењето на локалните капацитети за заштита и спасување.

Китански упати и покана до своите австриски колеги да го посетат Пехчево и да присуствуваат на годинашното издание на Фестивалот на дувачки инструменти, оценувајќи дека ваквите средби придонесуваат за зацврстување на пријателските врски и отворање нови можности за соработка меѓу локалните самоуправи.

Од Општина Пехчево посочуваат дека посетата на Австрија ја потврдува нивната определба за развој на меѓународни партнерства, размена на добри практики и создавање нови можности за развој во интерес на локалната заедница и нејзините граѓани.