Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Законот за оружје во изработка – ќе се земат предвид барањата на засегнатите страни

Електронските услуги во МВР ќе се зголемат, а со тоа ќе се олесни извадавање на дозволите за оружје иако рокот на важноста се крати од 10 на пет години. За година и пол биле решени 15 илјади предмети, што е пет пати повеќе од просекот во изминатите пет години. Во следниот период ќе се воведе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Електронските услуги во МВР ќе се зголемат, а со тоа ќе се олесни извадавање на дозволите за оружје иако рокот на важноста се крати од 10 на пет години. За година и пол биле решени 15 илјади предмети, што е пет пати повеќе од просекот во изминатите пет години.

Во следниот период ќе се воведе електронско барање за дозвола за оружје за правни и физички лица, а во е-форма ќе биде достапно и потврда за оружје од Д категорија.

Расте интересот од граѓаните за набавка на оружје кои во изминативе години ја изгубиле важноста на дозволата, или три кратко повеќе барања пристигнале во МВР, што е доказ дека граѓаните ја согладуваат разликата во брзо решавање на предметите вели помошник министер Јован Алтанџиев.

Реклама
  • „Минатата година,2025 година, имаме рекорден број на продолжени дозволи за оружје. Тоа пред се, се должи на делуманата дегитализација која ја направи министерството, потоа поврзување на евиденциите на министерството со судовите. Граѓаните знаат дека многу предмети од минатото беа заглавени поради неажурност и на судската власт во државата. Понатаму планираме поврзување и со здравствените власти, со цел лекарските уверенија да ги добиваме електронски. Така што паралелно се прават повеќе чекори со цел побрзо и поефикасно постапување на службите од МВР во постапките за продолжување на дозволата за оружје“, изјави Алтанџиев. 

Со законот се отвара можност за сите кои не успеале до сега да си ги продолжат дозволите за оружје или го добиле во наследство, да го легализираат во рок од една година, што досега беше само два месеци.

  • „Глобите се одмерени согласно законот за прекршоци. Но секако оружјата не се одзема. Рокот за шест месеци пред истекот на важноста на дозволата, е намерно така поставен – зошто – затоа што постапката за продолжување трае шест месеци и затоа нормирање барањето да се поднесе шест месеци пред истекот на постојната дозола со цел некој да не поднесе ден два пред истекот на дозволата, и во текот на постапката да ја изгуби важноста. Де факто би поседувал оружје на нелегален начин“, изјави Алтанџиев.

Сепак може да има корекции во одредени казни велат од Ловечката федерација на Македонија. Тие уште во подготовката ги дале своите забелешки а добар дел од нив биле имплементирани. Како предлог и во законодавниот дом побараа да се зголеми бројот на парчиња оружје кое ги поседува еден човек, односно за ловците тоа да надминува 10 парчиња.

  • „Се коси со Уставот и со член еден од Протоколот кој што е ратификуван кон Конвенцијата за заштита на човековите права бидејќи со Уставот сопственоста е загарантирана. Во Македонија има ловци кои што активно ловат, автотони и алохтони видови на дивеч во Македонија и во странство, така да има потреба од повеќе од 10 парчиња оружје“, изјави Алексовски.

Ловџиите реагираа и на рокот на важноста на дозволите, а побарале и да остане замената на оружје по вид.

  • „Бараме во оваа фаза, имплементацијата на оваа одредба, пререгистрација на ловечкото оружје да почне да важи од денот кога Македонија ќе влезе во полноправно членство во ЕУ и тогаш нашите граѓани, нашите ловци ќе имаат можност слободно да набавуваат оружје само со лична карта“ рече Влатко Алексовски, Преседател на Ловечката федерација на Македонија

Законот во моментов е во собраниска процедура и трпи промени односно со амандмани ќе се корегираат дадените забелешки.