Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Бебе пронајдено на клупа во Скопје

Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош, бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди – информираа од МВР.

На разговор во полициска станица биле повикани неколку лица.

Реклама

– По преземени мерки, во полициското одделение – Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот – појаснија од МВР.

За настанот известен бил јавен обвинител. Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.