Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тошковски: Нема толеранција за насилство, случајот со бугарската амбасада се процесира итно

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено, ниту толерирано. Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено, ниту толерирано.

Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено.

– Осуда за какво било насилство кон кого било во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано – потенцира министерот.

Реклама

Тој посочи дека Министерството за внатрешни работи бргу постапило во насока на расветлување на случајот, при што осомниченото лице било идентификувано и лишено од слобода.

– Лицето што се сомничи за палењето на возилото е многу бргу идентификувано и обезбедено од страна на МВР, во соработка со Агенцијата за национална безбедност – информира Тошковски.

Според него, случајот се процесира во координација со надлежните институции, а од Обвинителството се очекува понатамошно постапување по итна постапка.

– Очекуваме во текот на денот да има соопштение од страна на Обвинителството и од судот во однос на понатамошните чекори – рече министерот.

Тошковски повтори дека институциите имаат јасен став за ваквите појави, особено кога станува збор за оштетување имот на странски дипломатски претставништва.

– Огромна осуда лично од моја страна и од страна на сите оние, ќе повторам, политички фактори во државата на какво било насилство, особено насилство насочено кон оштетување предмети што се во сопственост на соседна држава, особено таков тип на насилство, треба да биде предмет на осуда и е предмет на осуда – потенцира тој.

Во однос на мотивите за инцидентот, министерот посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води во согласност со законските процедури.