Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Македонија

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа.

На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да биде во јули.

За претстојното лето се очекува вкупните сезонски врнежи генерално да бидат пониски од повеќегодишниот просек во повеќето делови од земјата, со умерена веројатност за исполнување на прогнозата. 

Реклама

– Земајќи ги предвид досегашните анализи, климатските промени дополнително го засилуваат влијанието на условите на Ел Нињо, со што се зголемува веројатноста за појава на екстремни временски настани, како топлотни бранови, суши и пожари. Од друга страна, долготрајните периоди без врнежи создаваат услови за појава на екстремни поројни дождови и поплави, што ја нагласува комплексноста и непредвидливоста на климатските ризици – посочува Управата за хидрометеоролошки работи.