Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Потпишана декларација за соработка со Северна Рајна-Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински. Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбата Муцунски изразил задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакнал дека […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.

Како што соопштуваат од МНРиНТ, на средбата Муцунски изразил задоволство што посетата претставува продолжение на интензивниот дијалог и соработка со сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и истакнал дека таа претставува значаен чекор кон натамошно продлабочување на партнерството, континуирана комуникација и дополнително зајакнување на меѓусебните односи.

– Соговорниците изразија задоволство од развојот на соработката на повеќе нивоа, со посебен акцент на економијата, инвестициите, внатрешните работи, образованието и културата. Во рамки на посетата, двајцата министри потпишаа нова Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Македонија за периодот 2026–2030 година. Со овој документ се потврдува заедничката посветеност за продолжување и натамошно унапредување на одличната билатерална соработка воспоставена со претходната декларација – стои во соопштението.

Реклама

Муцунски изразил уверување дека новата Декларација ќе отвори нова фаза во меѓусебната соработка и ќе придонесе за дополнително јакнење на економските врски, поголемо поврзување на деловните заедници и создавање нови можности за инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија во Македонија.

– Тој се заблагодари за силната и континуирана поддршка што покраината Северна Рајна-Вестфалија ја дава на европската интеграција на државата и изрази задоволство што, покрај силниот економски и инвестициски фокус, новата Заедничка декларација предвидува и поддршка во области што се во надлежност на покраината, со цел придонес кон процесот на европска интеграција и усогласување со европското законодавство – велат од МНРиНТ.