Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Западен Балкан пред нови безбедносни предизвици – ЕУ интеграцијата клуч за отпор од хибридни закани

Само координираниот и заедничкиот настап на државите од регионот и европската интеграција ќе придонесат за поголема безбедност од хибридни напади. Вицепремиерот за Европски прашања Беким Сали повтори дека европската интеграција останува единствена стратешка определба за Македонија. „Тоа ќе ја гарантира долгорочната стабилност и безбедност. ЕУ не е само политички е кономски проект. Тоа е заедница […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само координираниот и заедничкиот настап на државите од регионот и европската интеграција ќе придонесат за поголема безбедност од хибридни напади. Вицепремиерот за Европски прашања Беким Сали повтори дека европската интеграција останува единствена стратешка определба за Македонија.

„Тоа ќе ја гарантира долгорочната стабилност и безбедност. ЕУ не е само политички е кономски проект. Тоа е заедница формирана на демократски врености, солидарност, соработка и колективна одговорност“, изјави Сали.  

И за странските експерти интегрирањето во ЕУ ќе придонесе за поголема безбедност и поголема соработка меѓу државите од Балканот. Според романскиот експерт Јулијан Чифу од центарот за спречување конфликти и рано предупредување, ЕУ сега треба да се заложи за што побрз прием на земјите од Западен Балкан.

Реклама

„Можеби е време да се затворат сите разлики, да се остави на историчарите и политичките лидери да ги решат преостанатите прашања и да се оди напред затоа што Светот не не чека. Убеден сум дека директните преговори, флексибилноста и вклучеоста на ЕУ може да ја вкчлучат Македонија, под услов да го исполни својот дел од договорот. Убеден сум дека поддршката од ЕК ќе биде пресудна дури и кога станбува збор за Бугарија. Да видиме каква ќе биде новата Влада во Софија и нивниот пристап“, рече Јулијан Чифу од центарот за спречување конфликти и рано предупредување.

И Универзитетскиот професор Александар Иванов вели дека Западен Балкан само како дел од ЕУ може да остане безбеден во сегментот на новите закани.

Малите држави и немаат голем избор освен да се придружат на поголеми геополитички блокови. Македонија не е исклучок во таа смисла. Дури и поголеми замји како Турција и Египет всушност гравитираат кон определени економски или воени блокови, изјави Александар Иванов, универзитетски професор.

На првата безбедносна конференција во Скопје, организиторите ќе донесат заклучоци кои ќе бидат доставени до владините претставници на земјите од регионот, со цел поголема координираност и одбрана од хибридни напади.