Реклама

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Прилози

Две години без власт го истрошија Али Ахмети- се повлекува, но дали промените се само козметички?!

Две години во опозиција го истрошија Али Ахмети повеќе од 20 на власт, па сега преку козметички промени и избор на свој човек на чело на партијата, ќе се обидува барем на хартија да се повлече, и некако повторно да ја враќта моќта, која ДУИ од ден во ден ја губи кај гласачкото тело. Познавачите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две години во опозиција го истрошија Али Ахмети повеќе од 20 на власт, па сега преку козметички промени и избор на свој човек на чело на партијата, ќе се обидува барем на хартија да се повлече, и некако повторно да ја враќта моќта, која ДУИ од ден во ден ја губи кај гласачкото тело. Познавачите велат дека јасно е зошто се подготвува вакво нешто, бидејќи покрај тоа што под негово кормило, партијата тоне се повеќе, тој веќе и ја нема силата да раководи. Политикологот Џенур Исени, за Алфа вели дека Ахмети не знае како да делува ако ја нема власта во своите раце.

-И годините го прават своето, а Али Ахмети и на неговите политички појавувања не изгледа во добра кондиција, како минативе години. Па и овие две годни малку го истрошија во опозиција, бидејќи ДУИ како политичка партија не беше навикната да биде во опозиција и се гледа дека не може да се снајде, изјави Исени за Алфа.

Сепак јасно е дека Али Ахмети нема да се повлече туку така, без да биде сигурен дека тој од позадина ќе продолжи да ја контролира партијата, а не како што најави дека ќе делува во некакви ветерани на ДУИ. Исени не очекува дека Ахмети веднаш ќе се повлече, туку дека тоа може да потрае одреден период, па дури и да ја предводи партијата на следните парламентарни избори.

Реклама

-Тој сака прво да презентира личност во раководството на партијата, да се навикнат на неговата политичка ориентација. Секој политички лидер поставува пред да замине поставува свој близок човек, колку толку да има влијание и после неговото заминување во партијата, бидејќи не е лесно повеќе до 20 години да бидеш лидер на партијата и наеднаш да ја изгубиш комплетната контрола, изјави Исени. 

Инаку, главниот проблем поради кој ДУИ по две децении ја загубија власта се поврзувањата со криминал и корупција. Токму поради сомнежите за сторени кривични дела, најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби заврши на црната листа на САД, а доби и кривични пријави. Поранешниот прв вицепремиер е само еден од низата од редовите на интегративците за кои постојат сомнежи дека се поврзани со криминални дејствија.

Матеја Петровски