Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Четири децении од смртта на г.г. Ангелариј одбележани со помен во „Св. Димитриј“

Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што е погребан архиепископот охридски и македонски г.г. Ангелариј, денеска беше отслужена панихида по повод 40 години од неговото упокојување. На поменот во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што е погребан архиепископот охридски и македонски г.г. Ангелариј, денеска беше отслужена панихида по повод 40 години од неговото упокојување.

На поменот во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство. Тој во говорот се осврна на ликот, делото и духовното наследство на својот претходник.

– Следејќи ги постапките на татка си, по завршувањето на основното образование, тој се запишал на тогашната битолска богословија, која успешно ја завршил. Потоа, примајќи го свештеничкиот чин на само 21 година, започнал служба која траела над 50 години. 43 години од нив тој бил свештенослужител, шест години архиерејствувал, а последните пет години успешно и благородно архиепископствувал, носејќи ја тешката и одговорна служба на поглавар на Македонската Православна Црква – посочи г.г. Стефан во неговото обраќање.

Реклама

Посебно ја нагласи духовната димензија на делото на г.г. Ангелариј и неговата посветеност на литургискиот живот на Црквата.

– За него, литургијата беше срцето на Црквата. Тој знаеше дека Црквата не се гради со програми и стратегии, туку со заедничко стоење пред Божјиот престол и со заедничко причестување со Телото и Крвта Христови. Затоа, целото негово архипастирско служење беше проникнато со литургиски и молитвен дух. Неговиот 75-годишен животен пат се протегаше низ немирни и тешки времиња: роден не многу по крвавото задушување на Илинденското востание, а во предвечерието на Балканските и Првата светска војна, тој од најрана возраст се соочил со страдањата на својот народ – рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Архиепископот Стефан во говорот се задржа и на карактерот и вредностите што ги негувал архиепископот Ангелариј, потенцирајќи ја неговата човечност, трпение и стремеж кон мир.

– Неговото горчливо искуство го учеше дека војните започнуваат тогаш кога луѓето престануваат да се гледаат како браќа, а мирот се раѓа тогаш кога срцата се отвораат едни за други. Затоа често знаеше да каже: „Балканот не е тесен, тесни се срцата на луѓето“. Во оваа негова мисла е содржана длабока христијанска мудрост. Луѓето ги разделуваат стравот и предрасудите, а таму каде што има љубов, почит и взаемно разбирање, таму има место за сите – посочи г.г. Стефан.

По обраќањето, беше положено цвеќе на гробот на г.г. Ангелариј. Меѓу присутните што оддадоа почит беа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за култура Зоран Љутков, заедно со повеќе претставници на институции, црковни лица и граѓани.

Г.г. Ангелариј е втор по ред поглавар на возобновената Македонска православна црква, доаѓа на местото по блажено упокоениот архиепископ г.г. Доситеј.

Потекнува од свештеничко семејство, каде од раѓање е задоен со божјата светлина и целиот свој живот и го посветува на Црквата. Учествувал во НОБ. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги е одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј – ставрофор. Од 1961 до 1964 година како парохиски свештеник бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија, каде ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. По враќањето од Мелбурн ви 1964 година работел во црквата Св. Благовештение во Прилеп, a се замонашува во 1972 година. Бил устоличен за епископ Пелагониски во 1975 година.

За Дебарско-кичевски митрополит бил хиротонисан на 5 јули 1977 година, а за архиепископ Охридски и Македонски и скопски митрополит бил избран во 1981 година. По нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, загина во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот Прилеп – Скопје.