Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Четири пожари во Куманово за еден ден

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е  кај „Багрем бања“, простор кој  граѓаните го посочуваат  како критична точка за чести пожари и палење отпад. Пожарникарите од ТППЕ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е  кај „Багрем бања“, простор кој  граѓаните го посочуваат  како критична точка за чести пожари и палење отпад.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до 17:00 часот во населбата „Перо Чичо“, во близина на „Багрем бања“, каде било опожарено подрачје со сува трева. Во интервенцијата биле ангажирани две противпожарни возила и четворица пожарникари.

 Жителите од месната заедница „Панче Пешев“ лани и сега  алармираат за речиси секојдневно палење отпад, смет, шут и гуми на потегот од Спомен-костурницата до влезот на населбата „Перо Чичо“. Според нив, чадот и огнот што ги предизвикуваат несовесни граѓани директно влијаат врз квалитетот на животот, бидејќи жителите често немаат можност да ги отворат прозорците, ниту нормално да престојуваат на отворено. Општината лани свика и кризен штаб и донесе одлука за патролирање на пожарникарските екипи на овој потег.

Реклама

Вчера, пожарникарите интервенирале и на опожарена бандера  на улицата „6 Април“, во вечерните часови, гаселе пожар на сува трева  во селото Лопате и последната интервенција била реализирана од 21:10 до 22:05 часот на улицата „Средорек“, каде било изгаснато запалено ѓубре.