Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Од 20 до 30 хектари е опожарената површина во Штипско, пожарот под контрола

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е под контрола. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека утринава екипа на ТППЕ интервенирала на местата каде што се уште чади, односно има активен оган на опожарениот дел. -Во 10.00 часот повторно ќе пратиме екипи, која што ќе дежура до 15 часот. Пожарот во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е под контрола. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели дека утринава екипа на ТППЕ интервенирала на местата каде што се уште чади, односно има активен оган на опожарениот дел.

-Во 10.00 часот повторно ќе пратиме екипи, која што ќе дежура до 15 часот. Пожарот во моментов е во дол, непристапен терен за пожарникарите. Околу 12 часот кога се зголемува температурата ќе видиме дали ќе има разгорување, вели Ренџов. 

Според првичните проценки опожарени се од 20 до 30 хектари нискостебелеста вегетација и дел од борова шума. Инаку вчера во гаснењето на пожарот учествуваа 18 пожарникари, 14 доброволци пожарникари и жители на село Долани. Дирекцијата за заштита и спасување вчера активираше и еден ер трактор, со што и од воздух се дејствуваше врз огнената стихија. Еден жител на селото е повреден, односно се здобил со изгореници на нозете, за што веднаш е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

Реклама

Со градежна и земјоделска механизација се правеа засеци, односно обрачи, кои не дозволуваат да се префрли пожарот кон селото. За само неколку дена ова е трет голем пожар во штипскиот регион.