Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мисајловски на отворањето на „EUROSATORY 2026“ во Париз, фокус на модернизацијата на Армијата

Министрот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните глобални настани во областа на одбранбената индустрија и безбедноста. Саемот, кој се одржува од 15 до 19 јуни во изложбениот центар „Paris Nord Villepinte“, претставува најголема светска изложба за копнена и воздух-копнена […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните глобални настани во областа на одбранбената индустрија и безбедноста.

Саемот, кој се одржува од 15 до 19 јуни во изложбениот центар „Paris Nord Villepinte“, претставува најголема светска изложба за копнена и воздух-копнена одбрана, на која учествуваат илјадници компании, владини делегации и воени претставници од повеќе од 100 држави.

На „EUROSATORY 2026“ се презентираат најновите достигнувања во воената технологија, вклучително и модерни оклопни возила, беспилотни системи, решенија за сајбер-безбедност и напредни комуникациски платформи, кои имаат клучна улога во трансформацијата на современите армии. 

Реклама

Во рамки на посетата, министерот Мисајловски ќе присуствува на прием организиран за министрите за одбрана од страна на француската министерка за вооружени сили Катерине Ваутрин, како и на средба со потпретседателката на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили на францускиот Сенат, Хелен Конвеј-Мурет.

Посетата на Мисајловски, посочуват од Министерството за одбрана, се оценува како значајна можност за следење на глобалните трендови во одбраната и безбедноста, особено во контекст на процесот на модернизација на македонската Армија и унапредување на меѓународната одбранбена соработка.