Реклама

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Македонија

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10:00 часот. Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопски безбедносен форум: „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Собранието со почеток во 10:00 часот.

Годинашниот форум, наведува Организацискиот одбор на настанот, е посветен на темата „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“ и има за цел да обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации и безбедносните експерти, со цел размена на идеи и унапредување на регионалната соработка.

Поздравни обраќања на форумот ќе имаат Беким Сали, министер за европски прашања, Горан Илиќ, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Јусуф Зејнели, ректор на Универзитетот во Тетово – Тетово, Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Реклама

Главното обраќање, како што се наведува во најавата, ќе го има Јулијан Чифу од романскиот Центар за спречување конфликти и рано предупредување.

Во рамки на форуимот ќе се одржат три панели. На првиот, посветен на „Геополитиката на Западен Балкан и идејата за европска безбедносна идентификација на регионот“ ќе се обратат Јованка Јакубек-Лалик, Универзитет во Варшава, Полска, Жидас Даскаловски, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Дарко Трифуновиќ, Институт за национална и меѓународна безбедност (INIS), Белград, Србија, Јулијан Чифу, Центар за спречување конфликти и рано предупредување, Романија.

Вториот панел е посветен на „Судирот на големите сили на периферијата на Европа“ и на него ќе учествуваат Јаганат Панда, Стокхолмски центар за јужноазиски и индопацифички прашања (SCSA-IPA), Институт за безбедносна и развојна политика (ISDP), Шведска,  Весна Попоска, Воена академија „Михајло Апостолски“, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Васко Наумовски, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Шаул Шау, Интердисциплинарен центар Херцлија, Израел и Фатмир Џеладини, Универзитет во Тетово. 

Третиот панел е на тема „Отпорност, поликризи и хибридни закани“, а на него ќе говорат Мирела Имшировиќ, Институт за геополитика, економија и безбедност (IGES), Сараево, Босна и Херцеговина, Мирослав Саздовски, Европски центар на извонредност за спротивставување на хибридни закани, Хелсинки, Финска, Никола Дујовски, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола,  Ќебир Авзиу, Универзитет во Тетово – Тетово, Шабан Јакупи, Универзитет во Тетово – Тетово.

По трите панели предвидено се завршни обраќања и клучни пораки, каде следува обраќање на Александар Иванов, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.