Реклама

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Македонија

Собранието ќе избира член на Судскиот совет

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери,  дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле, Гостивар. 

На дневен ред се и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање на предлог на Владата, како и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање, предложен од пратениците Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири од Албанската Лига. 

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка, и за Предлог на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието .