Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Почна летната школа по вероучение во Бигорскиот скит во Битуше

Во Бигорскиот скит, посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа во близина на долнореканското село Битуше, општина Маврово и Ростуше, денеска почна летната школа по вероучение за деца, како дел од мисијата на Бигорски манастир. Првата група ја сочинуваат 30 деца од повеќе градови од државава. Интересот за посета на школата е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Бигорскиот скит, посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа во близина на долнореканското село Битуше, општина Маврово и Ростуше, денеска почна летната школа по вероучение за деца, како дел од мисијата на Бигорски манастир.

Првата група ја сочинуваат 30 деца од повеќе градови од државава. Интересот за посета на школата е огромен поради што и бројот на групите ќе биде поголем од предвидениот. Преку овие школи, децата имаат можност да се запознаат со убавината на православната вера, традициите, културата и уметноста, но и да се рекреираат среде живописната природа на планината Крчин, којашто придонесувајќи за нивното телесно здравје истовремено ќе го воспитува и нивниот дух. Ќе има пет смени во кои ќе бидат опфатени деца од различни возрасти, рече сестра Ефимија.

Поконкретно првата смена почна денеска и ќе трае до 19 јуни во која се опфатени деца од 10 до 12 годишна возраст. Втората смена е 28 јуни до 3 јули, за деца од 13 до 15 години, трета смена од 13 до 18 јули, за деца од 10 до 12 години, четврта е од 3 до 8 август за деца од 13 до 15 години и петтата и последна смена од 10 до 15 август за деца од 10 до 12 години.

Реклама

-За децата се грижи стручен и посветен тим составен од дипломирани теолози, педагози, психолози, социјални работници, доктори, воспитувачи и професори од различни научни и културни дисциплини. Тие ќе се погрижат престојот на децата да биде безбеден, поучен и исполнет со многу љубов, нагласува сестрата.