Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и добро платени работни места

Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во  во изминатите два дена  беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија.  Мицкоски, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во  во изминатите два дена  беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија. 

Мицкоски, на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, потенцираше дека евтина работна сила за потенцијалните инвеститори е стереотип од минатото и оти сега не го нудиме тоа, туку работници и човечки потенцијал кој придонесува за БДП и за бизнисите. 

– Можеме да им понудиме истото тоа што го нудме секаде. Да се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува, која ќе го зголеми нашиот БДП, добро платени работни места. Ние можеме да понудиме квалификувана работна сила, луѓе кои имаат знаење, имаат искуство, нема да одиме и одиме веќе со  пораката евтина работна сила бидејќи тоа  е стереотип од минатото, бидејќи не нудиме евтина работна сила туку нудиме работници и човечки потренцијал кој знае и умее и знае заеднички да помогне да растат и БДП и бизнисот на тие кои ќе инвестираат, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на дом за стари лица во Илинден.