Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Во карбинското село Таринци осветен 20 метарски крст

Во селото Таринци, општина Карбинци денеска беше осветен новоизградениот 20 метарски крст. На настанот присуствуваа голем број жители, претставници на локалната самоуправа и митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион и свештеници. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов изјави дека крстот ќе биде симбол на верата и духовноста за жителите на Таринци и целата општина. Изградбата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во селото Таринци, општина Карбинци денеска беше осветен новоизградениот 20 метарски крст. На настанот присуствуваа голем број жители, претставници на локалната самоуправа и митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион и свештеници. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов изјави дека крстот ќе биде симбол на верата и духовноста за жителите на Таринци и целата општина. Изградбата е реализирана со донации од семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и со поддршка од повеќе локални компании и граѓани.

-Чест и задоволство ми е што денес заеднички со населението од село Таринци го осветуваме овој прекрасен верски објект, овој 20 метарски крст кој што ќе свети, ќе биде светилиште на над селото Таринци во општина Карбинци. Сакам да упатам благодарност до митрополитот господинот Иларион, кој што го освети овој наш преубав верски објект. Сакам да упатам од срце благодарност за донаторите, а тоа се семејствата Јовчески, Колеви и Димитрови, како и сите останати кои што беа дел од изградбата и беа вклучени како помагатели-вели Паунов. 

Марјан Јовчевски како еден од донаторите истакна дека крстот е подарок за граѓаните на општина Карбинци и симбол на верата и благодарноста

Реклама

-Ова е дар на граѓаните на општина Карбинци, ова е во село Таринци, практично еден голем да кажам знак на верата и благодарност на верата. Воедно, моето семејство има потекло од ова село, мајка ми е од овде. Мене ми е баш голема чест и задоволство што ваков да кажам верски објект подарувам со мојте двајца партнери, семејството Колеви и семејството Димитрови- рече Јовчевски. 

Тој додаде дека во донацијата учествуваа и други фирми и локално население.