Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки 

СДСМ повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ. По седум години власт, СДСМ нема кредибилитет да зборува за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ.

По седум години власт, СДСМ нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата?

Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места?

Реклама

Граѓаните знаат дека СДСМ секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата.

Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани.

Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДСМ ги продлабочи додека беше на власт.

Разликата е јасна. СДСМ нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома.

На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДСМ.