Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Петрушевски: Слугата на официјална Софија, Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав со што покажува дека нема крај на неговите лични интереси

Додека раководството на СДСM и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека раководството на СДСM и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард.

Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференицја на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и раководството на СДСM се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт.

Реклама

Но, актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско.   

Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија.   

СДСM мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија.

Се додека СДСM не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. Затоа политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од поголем број на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ.