Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите остануваат во центарот на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ покажува со дела, а не со зборови. Намалувањето на невработеноста и отворањето нови работни места остануваат врвен приоритет на Владата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Со зголемени средства за мерките за вработување и јасен фокус кон младите, резултатите се веќе видливи. Само преку Оперативниот план за вработување во 2025 година беа опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а беа отворени близу 2.200 нови бизниси.

Средствата за Оперативниот план за вработување во 2025 година беа зголемени за 7,5 милиони евра во споредба со 2024 година.

Реклама

Во 2026 година Владата оди чекор понатаму. Обезбедени се речиси 40 милиони евра за поддршка на вработувањето, со опфат на повеќе од 10.000 граѓани. Над 32 милиони евра директно се насочени кон мерки што ќе создадат нови можности за работа и економски развој.

Со Оперативниот план за 2026 година, речиси 6.000 млади лица ќе бидат вклучени во активните мерки за вработување, а дополнително илјадници ќе добијат поддршка преку младински додаток, практикантства и обуки за стекнување нови вештини.

Преку мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места предвидена е стимулација за вработување на младите во производните капацитети, каде што за околу 3.500 млади лица до 23 години е обезбеден младински додаток од 3.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ гради економија што создава шанси, ги задржува младите дома и обезбедува сигурна иднина за секој граѓанин. Работиме посветено, инвестираме во луѓето и испорачуваме конкретни резултати.