Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Kонцертна манифестација „Центарска Симфонија“ на Плочник – Градски Ѕид

Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје. „Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност. -Ќе имате можност да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Концертна манифестација „Центарска Симфонија“ ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот, на Плочник – Градски Ѕид во центарот на Скопје.

„Центарска Симфонија“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел збогатување на културниот живот и доближување на квалитетната музичка уметност до пошироката јавност.

-Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание -изјавил градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се наведува во општинското соопштение.

Реклама

На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар, Магдалена Муратовска на виолина, Горан Муратовски – диригент и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова.

-Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување – нагласил Герасимовски.