Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Азески избран за в.д. претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) на ЗБ6 

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан.

На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот.

Како што инфомрираат од Комората, во рамки на седницата беа донесени и повеќе одлуки, меѓу кои и иницијатива за изработка на студија за Регионален тренинг и сертификационен центар, чија реализација ќе биде поддржана од Германската развојна банка (KfW).

Реклама

Азески зад себе има долгогодишно искуство во регионалното коморско поврзување – двапати ја предводеше Асоцијацијата на балкански комори, веќе 11 години е потпретседател на КИФ, а повеќе од две децении ја извршува функцијата претседател на Стопанската комора.

Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст, е основан во 2015 година во рамки на Берлинскиот процес, инициран од поранешната германска канцеларка Ангела Меркел. Форумот претставува глас на приватниот сектор во регионот, застапувајќи околу 350.000 компании од земјите на Западен Балкан. КИФ е формиран од шесте национални стопански комори од регионот, со цел унапредување на меѓусебната соработка и реализација на заеднички активности од интерес за бизнис-заедницата.