Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Рудник Саса одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации како што информираа од компанијата се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации како што информираа од компанијата се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи.

Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе бидат засадени 20 нови дрвја во паркот „Младост“ во Македонска Каменица, кој претходно беше изграден токму со поддршка од Рудник Саса. 

За потребите на Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, претходно дониран е дрон и соодветна обука за негово користење, со кој се овозможува ефикасно и рано откривање на шумски пожари и пожари на непристапни терени. Дополнително, обезбедени се комплет спортски дресови и шорцеви за сите членови на младинските категории на трите локални спортски клубови, како и нови едиции на книги за локалната библиотека, метални рафтови за Дневниот центар за лица со попреченост, шкафови за потребите на КУД „Вера Јоциќ“, како и компјутери за средното училиште во Македонска Каменица. Исто така, договорени се и донации за детската градинка и основното училиште во Македонска Каменица, согласно нивните веќе утврдени потреби.

Реклама

-Денешниот јубилеј не е само можност да се потсетиме на едно важно поглавје од историјата на Рудник Саса, туку и да им се заблагодариме на луѓето и заедницата кои беа и остануваат дел од нашата приказна. Рудникот и заедницата отсекогаш биле силно поврзани и заедно ги споделувале и предизвиците и успесите. Затоа, по повод 20 години од рестартирањето, сакавме токму преку конкретни активности и поддршка да покажеме дека нашата посветеност кон локалната заедница останува силна и долгорочна. Горди сме на сè што е постигнато во изминатите две децении и остануваме фокусирани на безбедно, одговорно и одржливо работење, во интерес на нашите вработени, нивните семејства и целата заедница“, изјави Џејмс Караматич, генерален директор на Рудник Саса.

Одбележувањето на 20-годишнината носи и силна симболика. По затворањето на рудникот во 2003 година, Македонска Каменица и регионот се соочија со три тешки години исполнети со неизвесност, губење на работни места и сериозна загриженост за иднината на локалната заедница. Рестартирањето на Саса на 12 јуни 2006 година означи почеток на нов период на надеж и развој.

Во годините што следуваа, а особено по влезот на меѓународната рударска групација Central Asia Metals (CAML) во 2017 година, Рудник Саса помина низ значајна трансформација и модернизација. Во овој период се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари во модерна опрема, нови технологии, развој на рудникот, безбедност, заштита на животната средина и професионален развој на вработените. Како дел од овие инвестиции, реализирани се и капитални проекти кои овозможија Саса денес да се вбројува меѓу најсовремените рудници во регионот.

Истовремено, во последните неколку години Рудник Саса директно се инвестирани значајни средства во поддршка на луѓето и развојот на локалната заедница. Преку својата Фондација, како и преку бројни општествено одговорни иницијативи, поддржани се голем број проекти во областа на образованието, здравството, социјалната заштита, спортот, културата, животната средина, претприемништвото  и локалниот економски развој.

Оваа година за Рудник Саса има дополнително значење, бидејќи покрај 20 години од рестартирањето, во ноември ќе се навршат и 60 години од официјалниот почеток со работа на рудникот. Во текот на шесте децении постоење, Саса има клучна улога во економскиот и општествениот развој на Македонска Каменица, источниот регион и целата држава, а денес претставува современ рудник кој работи согласно највисоките меѓународни стандарди за безбедност, одговорност и одржливост.