Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Ѓорѓиевски: Почнавме со уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош – еден од најубавите паркови во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани.

-Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор. Токму затоа, започнавме со уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Нашата обврска, додаде тој, е парковите да бидат чисти, уредени, безбедни и достојни за сите посетители.

Реклама

-Затоа редовно ги одржуваме зелените површини кои се под надлежност на Град Скопје, но истовремено упатувам и апел до сите граѓани – да ги чуваме парковите како свој дом. Само со совесен однос можеме да имаме поубав, почист и позелен град – нагласи градоначалникот.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Тој истакна дека во неговата програма е предвидена изградба на нови паркови и нови зелени површини, затоа што, како што вели, Скопје заслужува повеќе простор за живот, рекреација и одмор.

-Да ги посетуваме нашите паркови, да уживаме во нив, но и да ги чуваме. Зеленилото е богатство кое им припаѓа на сите нас, но и на генерациите што доаѓаат по нас – истакна скопскиот градоначалник.