Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Општина Маврово и Ростуше нуди по 12.000 денари еднократна парична помош за секој ученик запишан во прва година во општинската гимназија

Општина Маврово и Ростуше под мотото „Гради ја иднината во твојот роден крај“ упати порака до завршените деветоодделенци, образованието да го продолжат во средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ во Ростуше. -Денеска почна уписот во прва година во сите средни училишта во државава, а со тоа и во нашата општина. Пријавувањето е по електронски систем […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Маврово и Ростуше под мотото „Гради ја иднината во твојот роден крај“ упати порака до завршените деветоодделенци, образованието да го продолжат во средното општинско училиште „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

-Денеска почна уписот во прва година во сите средни училишта во државава, а со тоа и во нашата општина. Пријавувањето е по електронски систем и трае до 15 јуни. Запишете се во општинската гимназија и градете ја иднината во вашиот роден крај. За првпат во учебната 2026/ 2027 година доделуваме 12.000 денари еднократна парична помош за секој запишан ученик во прва година, стои во објавата на Општината.

Се додава дека ќе следува и дополнителна парична поддршка, чиј износ ќе зависи од постигнатиот успех.

Реклама

-Останете блиску до семејството, учете во модерна средина и подгответе се за глобални успеси- порачуваат од општината потсетувајќи дека второто пријавување од првиот уписен рок е на 16 и 17 овој месец. 

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во оваа, единствена средношколска установа во општината, во прво година квотата за упис изнесува 34 ученици во една паралелка-гимназиска насока, со настава на македонски јазик.

Поради масовната миграција  бројот на учениците, како во четирите основни училишта, така и во гимназијата од година во година е сè помал.