Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа осмата седница, разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои, како што информираат од министерството, беа потребни дополнителни појаснувања.

-Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување – се вели во соопштението од МП.

Реклама

Од Правда, информираат дека веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Министерството за правда, се вели во соопштението, изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.