Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери. Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence) меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери.

Како што соопштуваат од МЖСПП, меморандумот го потпишале заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Франција во земјава Кристоф Ле Риголер и министерот за правда Игор Филков.

– Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на учеството на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина и поддршка на поефикасна примена на еколошкото законодавство во согласност со европските стандарди – стои во соопштението од МЖСПП.

Реклама

Лашкоска во обраќањето истакнала дека заштитата на животната средина и владеењето на правото се тесно поврзани и бараат засилена институционална соработка и партнерство со меѓународните актери.

– Со потпишувањето на меморандумот се создава основа за продлабочување на соработката со француските и европските партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство и практики во областа. Ова е важен чекор во исполнувањето на обврските од европската агенда и во зајакнувањето на владеењето на правото, како клучен сегмент од процесот на пристапување кон ЕУ – изјави Лашкоска.

Додава дека проектот ќе придонесе за поголема транспарентност и ефикасност на системот, овозможувајќи им на граѓаните полесен пристап до механизмите за заштита на нивните права во областа на животната средина, како и поголемо учество во донесувањето одлуки.

Проектот е дел од реформите во рамки на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени и е насочен кон зајакнување на владеењето на правото и демократското учество во креирањето јавни политики.