Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Роботот асистираше, хирурзите оперираа: Историски зафат на Урологија

Медицински робот влезе во хирушка сала на Клиниката за урологија. Изведена е првата робот-асистирана операција во Mакедонија. Четворица пацинети со карцином на проста веќе се оперирани со демо роботот.Овој систем има функционални прсти, но на операцијата ги управува хирург. Пациентите се оперирани со минимално инвазивна метода. Директорот на Клиниката д-р Башким Шабани, за Алфа го […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицински робот влезе во хирушка сала на Клиниката за урологија. Изведена е првата робот-асистирана операција во Mакедонија. Четворица пацинети со карцином на проста веќе се оперирани со демо роботот.Овој систем има функционални прсти, но на операцијата ги управува хирург. Пациентите се оперирани со минимално инвазивна метода. Директорот на Клиниката д-р Башким Шабани, за Алфа го објаснува процесот на хирушкиот зафат, каде што со само еден отвор се овозможува максимална прецизност, помала траума помалку болка и само неколку дена хоспитализација.

“Пациентите кои се оперирани со роботска хирургија, хоспитализацијата трае максимум 3 – 4 дена.Во споредба со другите методи лежат подолго време.Така што штедиме и на хоспитални денови и на другите трошкови што следуваат со третманот на пацинетите” – изјави д-р Башким Шабани, директор на Клиника за урологија.

Демо роботот чини 1, 8 милиони евра, и според директорот Шабани потребно е  државата да набави таков апарат. Ќе им се олесни и на пацинтите и на хирурзите но и на Фондот за здравство.

Реклама

“Апаратот реално не е скап многу, мислам дека за државата не е голема цената.Сите развиени европски уролошки центри веќе имаат долго искуство со робот асистирана хирургија.Мислам дека со помош на Министерството ФЗОМ и Владата би било добро да се набави тој апарат” – изјави д-р Шабани.

Операциите ги изведе тимот на Клиниката за урологија.

Овој роботски систем покрај во урологијата ќе има можност да  се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.