Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јавна расправа за предлог-законот за оружје во Собрание

Да се крати рокот за обновување на дозволата за поседување на оружје од 10 на 5 години, органичување во бројот на парчиња кои може да ги поседуваат, измени во услови за набавка и поседување, но и за трансфер. Се воведува електронско следење на оружјето, нови регистри и дигитални евиденции, како и построги правила за трговците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се крати рокот за обновување на дозволата за поседување на оружје од 10 на 5 години, органичување во бројот на парчиња кои може да ги поседуваат, измени во услови за набавка и поседување, но и за трансфер.

Се воведува електронско следење на оружјето, нови регистри и дигитални евиденции, како и построги правила за трговците со оружје. Во собранието се оддржа јавна расправа за предлог законот за оружје. Од МВР посочуваат дека така ќе се воспостави поефикасен и транспарентен систем за контрола на цивилното оружје, а ќе се спречи и нелегалното производство и промет, особено преку современи технологии.

  • „Целта ни е почестата проверка да биде поголема безбедност за сите, а не поголем товар за поединецот. Особено сакам да истакнам одредбата за доброволно предавање и легализација на нелегалното оружје, бидејќи таа можеби е нај непосредната безбедносна придобивка од овој закон. Законот отвора јасен прозорец во кој граѓаните што поседуваат непријавено оружје можат доброволно да го предадат без да бидат кривично гонети за самото нелегално поседување“ рече Јован Алтанџиев – Помошник министер во МВР.

Од Групацијата за оружје, побараа и јасно утврдување на законските рокови за електронското издавање на дозволи за да не се одолговлекува процедурата.

Реклама
  • „Понатаму ја поддржуваме дигитализацијата на постапките, особено кај увозот и извозот и трансферот на оружје и муниција и сметаме дека е потребно да се обезбедат јасни рокови за постапување на надлежните органи, како и функционирање на тој дигитален систем“рече Панче Поповски – Групација за оружје при Стопанска комора.

Од комората за притватно обезбедување реагираа дека не се согласуваат со ригорозните казни ако не се поднесе барање за обновување на дозволата шест месеци пред истекот на старата,

  • „Нејасно е зошто законодавецот предлага глоба за правното лице во висина од петстотини  до илјада евра за ако во рок од шест месеци, за овие шест месеци за кои што сметаме дека е голем рок, веќе го нагласив и треба да се намали или да остане постоечката овај формулација во најмала рака, па дури е предвидена и санкција одзимање на оружје во состојба кога вие имате еден период од шест месеци и имате сe уште де факто важечка дозвола, само што не сте ја обновиле“рече Верица Милевска Стефановска – Претседател на Комората за приватно обезбедување.

Промени има и во количината на муниција која може да се набавува.  Од спортската стелачка федарација, кои учествувале во подготовката на законот, велат дека некои од членовите за прв пат се воведуваат во македонското законодавство.  

  • „Од наша страна како забелешка останува член дваесет и седум, односно во новиот предлог закон дозволата за оружје се издава во рок на важење од пет години, што е многу краток период, како за физичките, така без потреба и за правните лица кои поседуваат многу парчиња оружје“рече Јордан Тасевски – Претседател на Македонска спортска стелачка федарација

Комисијата за одбрана и безбедност најави дека сите предлози и забалешки ќе ги земе предвид, по што корегираното решение ќе ја продолжи собраниската процедура. Владата како предлагач, стреми кон поефикасен систе за контрола на цивилното оружје усогласен со европските стандарди.