Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Благоданица за Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. – Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај. Македонците […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество.

– Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај.

Македонците во Република Албанија од 2021 година за првпат имаа претставник во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година.

Реклама

– Како член на Националниот совет за граѓанско општество во Тирана, од јуни 2021 до јануари 2026 година, ми беше чест, но и одговорност да бидам единствен претставник на малцинствата во оваа институција. За мене беше голема обврска да го претставувам со достоинство, одговорност и посветеност гласот и интересите на малцинствата, вели Ѓурѓај.

Оваа признание, нагласува,  ме охрабрува да продолжам со посветеност во служба на правата на малцинствата, со убедување дека инклузијата, дијалогот и соработката се клучни за градење пофер, подемократско и поинклузивно општество.